ПРИКЛУЧИ СЕ НА КРУГОТ НА ПОДДРШКА

Индекс на телесна маса (BMI) калкулатор

Разбери го проблемот

Прекумерната тежина и дебелината не се само прашање на изглед. Тие претставуваат медицинска состојба која влијае врз секој дел од телото — од срцето и зглобовите до умот и емоциите.

Но, пред сè, дебелината не е прашање на волја или мрзливост. Тоа е комплексна комбинација на фактори: генетика, хормонален баланс, исхрана, физичка неактивност, стрес, нарушен сон и нарушено ментално здравје.

Во последните години бројот на лица со прекумерна тежина и дебелина расте, не само кај возрасните, туку и кај децата. Зад секој килограм плус секогаш „стои” нешто невидливо: анксиозност, хормонски нарушувања, неправилен начин на живот или едноставно недостиг на поддршка.

Но, наместо осуда, ни треба разбирање и разговор. Во изминатите две децении состојбата со дебелината кај популацијата во РС Македонија бележи раст.

Овие бројки не се само статистика, тука се сигнал за потреба од промени.

0%
од возрасната популација (18+) живеат со дебелина
0%
од децата на возраст од 6 до 9 години имаат зголемена телесна тежина или дебелина
0%
од децата живеат со дебелина

Гласноговорници во кампањата со кратка изјава

Ризици што може да ги предизвика прекумерната тежина (дебелина)

Дијабетес тип 2

Дебелината го зголемува ризикот од дијабетес тип 2 преку инсулинска резистенција, а намалувањето на тежината помага во контролата на нивото на шеќерот и спречување компликации.

Хипертензија

Дебелината го зголемува крвниот притисок и го оптоварува срцето, а умерено намалување на тежината го намалува ризикот од кардиоваскуларни проблеми.

Коронарна срцева болест

Дебелината го забрзува развојот на коронарната болест преку воспаление, нарушен липиден метаболизам и висок крвен притисок, зголемувајќи го ризикот од ангина пекторис и срцев удар.

Дислипидемија

Дебелината доведува до висок „лош” LDL холестерол, низок „добар” HDL холестерол и покачени триглицериди, а губењето на тежината го подобрува липидниот профил и го намалува ризикот од срцеви болести.

Опструктивна апнеја
при спиење (‘рчење)

Дебелината го зголемува ризикот и ги влошува симптомите на апнеата при спиење, а губењето на тежината ја ублажува и го подобрува квалитетот на спиењето.

Остеоартритис

Дебелината создава прекумерен притисок врз зглобовите и воспаление, зголемувајќи ја болката, а намалувањето на тежината ја ублажува болката и ја забавува прогресијата.